Роналдо трогателно се збогува со „својата“ кралица Елизабета (ФОТО)
Португалецот мина голем дел од својата кариера настапувајќи во Премиер лигата во дресот на Манчестер Јунајтед, каде што настапува сезонава, поради што Велика Британија и Кралицата ги смета за свои.
„Осма сезона од кариерата ја минувам живејќи во Англија, период во кој не чувствував ништо друго освен огромна љубов кон Обединетото Кралство и кон Кралицата. Сочувствувам со тагата на британскиот народ и моите мисли и молитви се со кралското семејство“, напиша Роналдо.
Поради смртта на британскиот монарх, средбите од Премиер лигата овој викенд се одложени.