Роналдо се откажа од 3,8 милиони евра за да му помогне на Јувентус

Додека во Барселона ѕвездите покажаа незадоволство поради намалување на платите, во Јувентус тоа го прават со договор и без никакви проблеми.

Капитенот на екипата Џорџо Кјелини ја извести јавноста дека фудбалерите се договориле со управата да им се намалат платите додека трае вонредната состојба.

Кристијано Роналдо ги остави сите соиграчи во „сенка“, со тоа што се откажа од 3,8 милиони евра од платата за да му помогне на клубот.

Роналдо во моментов е во татковината каде што замина пред да почне пандемијата на коронавирусот затоа што сакаше да биде покрај мајка му, која доживеа мозочен удар.

Засега нема конечен договор колку ќе биде намалувањето на платата во Јувентус, но засега се знае дека Роналдо се согласил на него да му бидат одземени 3,8 милиони евра.