Роналдо повторно се налути: Дефинитивно ја пропушта галата на „Златната топка“

Кристијано Роналдо нема да ја добие „Златната топка“ оваа година, која најверојатно ќе оди во рацете на Лионел Меси. 

Португалецот бил лут не само поради фактот што не е победник, туку и дека не е ниту меѓу најдобрите тројца. Неофицијално, фудбалерот на Јувентус завршил на четвртото место во гласањето за оваа престижна награда.

Италијанските медиуми информираат дека Роналдо наместо во Париз на доделувањето на „Златната топка“, вечерва ќе присуствува на друга гала-вечер и тоа во Милано. Таму ќе се доделуваат наградите за најдобрите во Серија А за изминатата сезона. 

Роналдо ќе ја добие наградата за најдобар фудбалер во калчото за сезоната 2018/2019, кога постигна 21 гол во својата дебитантска сезона за „бјанконерите“.