Роналдо најде начин како да им се извини на соиграчите од Јувентус

Кристијано Роналдо на репрезентативната пауза замина незадоволен, откако претходно двапати беше заменет од Маурицио Сари во текот на натпреварите.

Седум дена подоцна избори пласман со Португалија на Европското првенство, па проговори за ситуацијата, а потоа смисли и начин како да им се извини на соиграчите поради неговите реакции.

„Ла Република“ објави дека Роналдо решил да ги однесе соиграчите на заедничка вечера пред мечот со Аталанта, кој се игра во сабота од 15 часот.