Роналдо и целиот Јувентус во карантин поради коронавирусот!

Јувентус се реши на порадикални мерки и поради тоа ги стави Кристијано Роналдо и неговите соиграчи во карантин, откако претходно нешто слично беше направено и со Б-тимот на италијанскиот шампион затоа што тие неодамна играле против Пјаненсе, во кој беше откриено дека тројца фудбалери имаат коронавирус.

Според првите информации од Италија, досега ниту еден фудбалер на Јувентус не покажал никакви симптоми на коронавирусот, но и покрај тоа Јувентус не сакаше да ризикува.

Фудбалерите на екипата до 23 години на „Старата дама“ ќе останат дома до осми март, а како што објави „Форбс“ нешто слично ќе се случи и со Роналдо и останатите играчи на Јувентус.

Членовите на првиот тим на италијанскиот шампион ќе останат во карантин додека не се објават дополнителни информации што се случува во екипата.

„Ситуацијата во клубот е сериозна и медицинската екипа им кажа на фудбалерите да ги мијат рацете и да користат сапун. Ниту еден позитивен тест нема засега, но ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, порачаа од Торино.