Три победи и еден пораз за македонските тенисери на фјучерсот во Србија!

Македонските тенисери со три победи и еден пораз го почнаа настапот на на фјучрс-турнирот во Куршумлиска Бања, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Победа за пласман во второто коло избори Горазд Србљак, кој го совлада домашниот ривал Никола Јовиќ (6-0, 6-3) и во следната рунда ќе ги одмери силите со неговиот сонародник, Бранко Ѓуриќ. Успешен старт имаа и Обрад Марковски и Шендрит Деари, кои ги победија Лука Тодоровиќ (6-3, 6-4) односно Александар Љубојевиќ (2-6, 7-5, 10-8), со што изборија место во главната ждрепка на овој турнир.

Единствен кој не продолжи со настапите беше Стефан Мицов, кој во финалето од квалификациите загуби во дуелот против Георге Лазаров и тоа откако се откажа во вториот сет.