Роналдо гол до појас игра со децата, ама и со убавата Георгина (ФОТО)

Кристијано Роналдо повторно ќе ги тресе мрежите во дресот на Манчестер Јунајтед, откако пред десетина дена се врати во својот поранешен клуб, каде што со нетрпение го очекуваат неговото деби по паузата за репрезентативни настапи.

Португалецот ги заврши обврските кон националниот тим и веќе неколку дена ужива со семејството во Манчестер, од каде што ги објави првите фотографии на кои си игра со децата, но и позира со својата преубава свршеница Георгина Родригез.

„Кој вели дека во Манчестер нема сонце“, напиша Роналдо.

Тој за себе и најблиските избра вистинска палата за живеење, што за него и не е проблем со оглед што, неофицијално, во таборот на „ѓаволите“ ќе заработува околу 500.000 фунти неделно.