Роналдо е во „изолација“ во Манчестер: Никој не сака ниту да седи до него

Ситуацијата во Манчестер јунајтед е далеку од идеална како на теренот, така и надвор од него. По двата порази на стартот во новата сезона, атмосферата во тимот е очајна. 

Се чини дека Кристијано Роналдо е главниот проблем, бидејќи уште на стартот на сезоната тој побара трансфер. Доцнеше точно три недели на подготовките со тимот, кој му го сврте грбот.

Според информациите на „Атлетик“, соиграчите од Манчестер целосно го игнорираат Португалецот. Тој често јаде сам во клупската кантина во тренинг-центарот „Керингтон“ и веќе нема пријатели во тимот. 

Манчестер јунајтед и натаму инсистира дека Роналдо не е на продажба.