„Роналдо е неверојатен фудбалер, но тој не ни помага повеќе и тоа е крај“

Реал Мадрид сезонава се наоѓа во резултатска криза, а многумина веруваат дека тоа се случува затоа што клубот остана без Кристијано Роналдо.

Роналдо на крајот на минатата сезона ги изненади сите со одлуката да го напушти „кралскиот клуб“ и да потпише за Јувентус.

Во Реал потврдија дека заминувањето на Португалецот нема да влијае на нивните настапи, но очигледно влијае и тоа многу.

Роналдо и денеска беше главна тема во Мадрид, а за него разговараше Тони Крос, кој даде јасен одговор.

„Секако дека играта се промени, откако замина Роналдо. Добро ја почнавме сезоната и никој не зборуваше дека ни недостига. Нема смисла да зборуваме за него бидејќи не игра со нас. Тој е неверојатен фудбалер, но во моментов не ни помага на нас“, кажа Крос.