Романо објави за кого ќе потпише Бензема (ФОТО)

Францускиот напаѓач Карим Бензема реши да го напушти Реал Мадрид, и покрај обидите на Флорентино Перез да го задржи во клубот, а негова следна дестинација ќе биде Саудиска Арабија.

Познатиот новинар Фабрицио Романо, кој прв ја објави веста за заминувањето на Бензема од шпанскиот гигант, вели дека Французинот ќе потпише за Ал Итихад.

Бензема добил покана од Саудиска Арабија и се очекува официјално да биде промовиран како ново засилување на Ал Итихад во среда.

Францускиот голгетер наводно ќе заработува неверојатни 200 милиони евра во Саудиска Арабија.