Рома со два црвени картони освои бод против Фиорентина (ВИДЕО)

Дербито од 15. коло во италијанската Серија А кое се играше меѓу Рома и Фиорентина заврши без победник (1-1) на „Олимпико“ во Рим.

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку беше стрелец на првиот гол за Рома по само пет минути игра, но Фиорентина заигра подобро во продолжение и бараше шанса за израмнување.

Залевски со вториот жолт картон ѝ овозможи на екипата од Фиренца да го зголеми притисокот и да стигне до израмнување во 66. минута преку Мартинез Кватра.

Рома доби уште еден црвен картон, и тоа во завршницата од натпреварот, кога Лукаку беше исклучен од судијата.

Екипата на Жозе Мурињо е четврта со 25 бодови, додека Фиорентина е на седмото место со 24 бода.