Рома прими гол во 96. минута и уште е без победа сезонава (ВИДЕО)
„Волчицата“ ремизираше на гостувањето кај Џенова со 1-1 и тоа е трет нерешен резултат во првите четири натпреварите од првенството. Украинскиот репрезентативец Артјом Довбик со својот прв гол во дресот на Рома го отвори резултатот во 37. минута и се чинеше дека тој ќе биде доволен за победа.
Сепак, во шестата минута од судиското продолжение во второто полувреме, Витиња асистираше, а Де Винтер со глава ја закова топката под пречка со што му донесе бод на домашниот тим. Нова шанса да прва победа сезонава, Рома ќе има идниот викенд кога го дочекува Удинезе.