Рокот на Челси истече, но приказната не е завршена: Манчестер сити подготвува „бомба“
Манчестер сити ја следи ситуацијата и сè уште е во контакт со агентите на Фернандез, објави трансфер-инсајдерот Фабрицио Романо.
Романо откри дека Сити има намера во следните две недели да постигне договор со „сините“ за трансферот на Аргентинецот.
Сепак, трансферот повеќе нема да биде толку едноставен како што се шпекулираше претходно. Романо посочува дека сумата од 120 милиони фунти веќе не би била доволна за трансфер кој би се реализирал без поголеми преговори..
Фото: Facebook/Manchester City