Рен се вклучи во борбата за топ-3 позиците во Лига 1

Рен славеше со 3-0 против Мец во 10. коло од Лига 1 и така се вклучи во борбата за топ-3 позициите во првенството.

Сите три гола на мечот беа постигнати во првото полувреме од 24 до 45. минута, а во листата на стрелци се запишаа Лаборд, Сулемана и Терие.

На останатите натпревари Бордо одигра 1-1 против Нант, Брест ремизираше со Ремс (1-1), а Стразбур го уништи Сент Етјен со 5-1.

Рен е на шестата позиција со 15 бода, односно еден помалку од третото место на кое се наоѓа Ница.