Реал Сосиедад на крилјата на Јанузај скокна до трето место во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Сосиедад триумфираше со 1-0 против Валјадолид во 26. коло од шпанската Ла Лига, па се искачи на третото место на табелата.

Аднан Јанузај беше херој на домаќините, откако постигна гол во 60. минута и ги постави конечните 1-0.

Реал Сосиедад има 43 бода на табелата, колку што имаат и Атлетико Мадрид и Севилја, а пред нив се Реал Мадрид со 53 и Барселона со 55.