Реал прави простор за Мбапе - Асенсио во Барса, Бејл во Јунајтед?!

Реал Мадрид по сѐ изгледа до крајов на овој месец ќе стори сѐ што е во негова моќ да го обезбеди потписот на Мбапе, но доколку сака да стигне до него, секако дека ќе мора да продаде некој од актуелните фудбалери.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал сериозно размислува за продажба на свои двајца значајни играчи, и тоа едниот да заврши во редовите на најголемиот ривал, Барселона. Наводно, Каталонците се подготвуваат да го купат Марко Асенсио за 80 милиони евра, а Јунајтед токми 110 милиони за Герет Бејл.

Асенсио минатата сезона го продолжи договорот со Реал, но има откупна клаузула која Барса планира да ја активира. Каталонците очајно бараат замена за Нејмар, а денес стигна потврда дека и Ливерпул одбил од нив 100 милиони евра за Кутињо.

Од друга страна, Јунајтед бара квалитетно засилување за крилните позиции, а Герет Бејл со нив се поврзува веќе второ лето. И во Скопје Мурињо изјави дека е заинтересиран за Велшанецот, па по сѐ изгледа сега сѐ е во рацете на Реал, бидејќи и самиот фудбалер не би имал ништо против да се врати на Островото.

Како и да е, до крајот на август Реал сигурно нема да биде мирен...