Реал нема да прифати 350 милиони евра: Винисиус останува во Мадрид!
„Релево“ објави дека следното лето би требало понудата да пристигне на адресата на Реал, но гигантот од Мадрид очигледно планира да ја одбие.
Тренерот Карло Анчелоти кажа дека Винисиус има договор до 2028 година и планира да почне нови преговори за продолжување на соработката.
„Имам информација од прва рака. Тој ми кажа дека е среќен во клубот и сака да испише историја. На ист пат сме, гледам среќен фудбалер во моите редови“, кажа Анчелоти.