Реал на Модриќ му понуди нов договор за значително помала плата - Хрватот прифати!

Лука Модриќ ја прифати понудата од Реал Мадрид за нов договор и наскоро треба и официјално да биде соопштено дека тој ќе продолжи на Сантијаго Бернабеу и идната сезона.

Мадридскиот весник „Марка“ тврди дека работата е завршена, Модриќ ги прифатил условите иако тие се значително полоши од неговиот последен договор.

„Реал на Модриќ му понуди продолжување на договорот со значително намалена плата. Лука прифати бидејќи сака да се пензионира во Реал. Амбицијата му е да биде капитен на Реал Мадрид и сака да освои уште некој трофеј до крајот“, пишува Марка.

Хрватската ѕвезда одби богати понуди од Саудиска Арабија и САД, само за да остане во Реал Мадрид кој го чувствува како свој дом.