
Реал Мадрид тргнува по Фирмино, почнати се разговори
Фирмино се испрати со навивачите на Ливерпул, а по денешниот меч ќе се збогува и со соиграчите и другите во англискиот клуб. Тој како слободен играч заминува од Енфилд.
Денешните информации велат дека Фирмино е на радарот на Реал Мадрид, а посебно атрактивен го прави тоа што е слободен играч.
Од Реал Мадрид веќе стапиле во контакт со него и почнати се разговорите, официјална понуда се уште не му е доставена, тоа веројатно ќе се случи во наредните денови.
Фирмино има понуди и од Саудиска Арабија, но тој преферира да остане во Европа.