Реал Мадрид со реми против Мајорка ја почна сезоната во Ла Лига

Шпанскиот шампион Реал Мадрид ремизираше на гостувањето кај Мајорка (1-1) во првото коло од Ла Лига.

Голот за водство на „кралевите“ го постигна Родриго во 13. минута од средбата, а нивната предност остана до 53. минута кога Муричи стрелаше за 1-1.

Реал Мадрид се закануваше кон голот на Мајорка во продолжение од средбата, но не успеа да ја пробие одбраната на домаќинот.