Реал Мадрид со пенал го сруши Хетафе за +4 во однос на Барселона (ВИДЕО)

Реал Мадрид со тешки маки го совлада Хетафе со минимални 1-0 во рамки на 33.коло во Ла Лига.

„Кралевите“ играа тешко, а бодовите им беа од огромно значење по ремито на Барселона со Атлетико Мадрид. Ривалот од предградието на Мадрид, добро го намачи фаворитот, па единствениот гол на натпреварот беше постигнат од белата точка.

Дани Карвахал беше фаулиран во шеснаесетникот на Хетафе, а капитенот Серхио Рамос ја презема одговорноста. Дефанзивецот стрелаше прецизно во 78-та минута за важни три бода на својот тим. Интересно е тоа што ова е четврти гол за Рамос на последните шест натпревари откако продолжи сезоната.

Реал Мадрид на лидерската позиција сега има 74 бодови, четири повеќе од лутиот ривал Барселона. Во следното коло „кралевите“ имаат тешко гостување кај Атлетик Билбао.