Реал Мадрид со еден гол ја освои Севилја (ВИДЕО)

Реал Мадрид повторно не беше на свое ниво, но и покрај тоа освои три бода на гостувањето кај Севилја (1-0), откако голманот на домаќините направи голема грешка во 55. минута.

„Кралевите“ беа за нијанса подобар противник во првото полувреме, па се заканија шест пати кон голот на Севилја, но нивната мрежа остана да мирува.

Во второто полувреме Севилја тргна да ја затресе мрежата на Реал, но не успеа, а потоа следеше вистински шок за тимот од Андалузија.

Голманот на Севилја направи огромна грешка и топката од неговото тело се одби директно во голот, по што „кралевите“ успешно го одбранија водството до крајот.

Реал има 20 бодови по 11 одиграни натпревари на третата позиција во Ла Лига, а пред нив се Атлетико Мадрид со 23 и Реал Сосиедад со 24.