Реал Мадрид му соопштил на Зидан – заврши ерата на „галактикос“

Француската легенда Зинедин Зидан нема да добие пари за скапи засилувања за следната сезона, што е за очекување во екот на пандемијата со коронавирус, која допрва ќе направи сериозни проблеми во фудбалскит бизнис и во финансиите на „кралскиот клуб“, па Бордот на директори на тренерот му соопштиле дека – заврши ерата на „галактикос“.

Како што објавија шпански медиуми, Зидан бил фрустриран откако му било посочено дека повеќе нема да се трошат големи пари на светски суперѕвезди, па дека треба на неодредено време да заборави на трансфери од над 100 милиони евра и да се сврти кон младиот погон и да ги форсира младите деца на клубот што ги има во моментов.

Зизу добил порака дека ако сака еден голем трансфер, прво ќе мора да се ослободи од ѕвезди како Герет Бејл, Хамес Родригез, кои имаат огромни плати, а и од уште неколкумина други, меѓу кои можно е и Лука Модриќ за да собере пари за да купи една ѕвезда (најчесто споменуван е Пол Погба од Манчестер јунајтед).

Од друга страна Реал ќе си ги повлече сите свои таленти дадени на заеми, како Мартин Одегард, Хакими, Регулион, а со неколкуте претходно купени Бразилци, Зидан треба да има доволен фонд за да создаде добар тим.