Разбојници го ограбиле домот на Рамос (ФОТО)

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос е најнова жртва на разбојниците во Шпанија, кои го ограбиле неговиот дом на 20 септември кога фудбалерот играше со Севилја против Ланс.

Во моментот на грабежот во домот биле и децата на Рамос со дадилките, додека сопругата на фудбалерот била отсутна поради обврски од работа.

Крадците успеале да украдат скапа облека, часовници, накит и пари кои ги пронашле во домот на познатиот фудбалер.