Распад-систем во Барселона: Меси ќе си замине заедно со Гризман!

Барселона минува низ турбулентен период откако поранешниот претседател Жозеп Бартомеу се повлече од тимот, а денеска беше приведен поради нов скандал. Исто така, каталонскиот гигант се соочува со можноста да остане без Лионел Меси, но и без Антоан Гризман.

Шпанските медиуми пишуваат дека од „Камп Ноу“ ќе си замине и Гризман, а наводно Барселона ќе се согласи да го продаде за 60 милиони евра.

Како заинтересирани страни се споменуваат Манчестер јунајтед, но и ПСЖ, чиј приоритет летово дефинитивно ќе биде Меси.