Рамос не е единствен: Играчот на Валенсија намерно доби жолт картон

Иако демантираше, снимките покажаа дека Серхио Рамос доби жолт картон против Ајакс за да биде „чист“ во евентуалното четвртфинале. По неговите стапки тргна и фудбалерот на Валенсија, Џефри Кондогбија кој при доство од 2-0 во Шкотска против Селтик, доби жолт картон и со тоа нема да настапи во ревнашот, но при евентуално осминафинале, ќе биде „чист“

УЕФА веднаш покрена постапка по дефанзивецот на Валенсија, ќе се разгледува ситуацијата, но повеќе од јасно е дека од Нион според сите параметри треба да го казнат Кондогбија.

Доколку поранешниот играч на Интер добие санкција, тоа ќе значи дека ќе го пропушти евентуалниот осминафинјален двомеч во Лигата на Европа.