Пукна милионска бомба и во футсал: Најдобриот Европеец доаѓа во Париз!
Како што објави најугледниот весник „Л'Екип“, Рикардињо доаѓа во Париз за еден милион евра, што во футсалот, кој е далеку зад нормалниот фудбал, е рамно како да е купен Нејмар. Рикардињо ќе има чиста плата од 30.000, плус бонуси. Рикардињо шест пати беше прогласен за најдобар футсалец на светот, а АЦЦС Париз очекува со неговото доаѓање да се зголеми популарноста за овој спорт за десетпати, па со тоа и поголема да биде заработката од ТВ-права, билети, спонзори, продажба на дресови...
Рикардињо во Париз ќе дојде од лето, како што најавува францускиот весник и тоа од Интер Мувистар, со кој беше двоен европски првак.