ПСЖ уште во февруари почнал да размислува за продажба на Нејмар

Бразилскиот фудбалер Нејмар сака да си замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, откако не е задоволен во Париз и се соочува со големи проблеми во последно време.

Со недели се шпекулира дека Нејмар сака да се врати во Барселона, па дури е подготвен јавно да се извини на управата и навивачите на каталонскиот клуб поради начинот на кој заминал од „Камп Ноу“.

„АС“ објави дека ПСЖ уште пред неколку месеци почнал да размислува за продажба на Нејмар. Поточно, тоа се случило во февруари годинава кога Нејмар организирал роденденска забава на само два дена по поразот од Лион.

Бразилецот слични работи правеше во Барселона, а познато е дека во претходните пет години не играше дуели во неделата кога неговата сестра слави роденден.