ПСЖ со пресврт го уништи Стразбур за четврта победа по ред!

Францускиот и европски шампион ПСЖ славеше на незгодното гостување кај Стразбур со 3-1 во седмото коло од Лига 1.

Натпреварот започна добро за домаќинот, кој постигна гол преку Рејна во 17. минута и ја чуваше предноста до крајот на првиот дел.

ПСЖ направи неколку замени на стартот на вториот дел, по што тргна во напад на трите бодови, а првата голема шанса за израмнување ја имаше Дембеле од пенал, кој сепак не го реализира.

Екипата на Луис Енрике влезе во ритам дури во завршницата, кога постигна три голови преку Забарњи, Дембеле и Дуе за да слави со 3-1.