ПСЖ ќе плати 120 милиони евра за наследникот на Мбапе

Францускиот гигант ПСЖ се помири дека ќе остане без услугите на Килијан Мбапе на крајот на сезоната, а сè почести се шпекулациите за тоа кој ќе биде наследник на голгетерот.

ПСЖ го избрал напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен и за неговите услуги ќе плати 120 милиони евра ова лето.

Осимен оваа сезона настапи на 28 меча и притоа постигна 15 голови и четири асистенции за Наполи.