ПСЖ испрати ултиматум до Барселона за Нејмар: Рокот е денеска!

Трансфер-сагата на Нејмар летово треба да заврши за една недела, до кога трае летниот преоден рок.

Последните шпекулации во Шпанија, велат дека ПСЖ го губи трпението во преговорите со Барселона. Шпанскиот шампион има желба да го врати Бразилецот на „Камп Ноу“, но нема доволно пари за такво нешто.

„Светците“ не сакаат да го продадат фудбалерот под неговата цена од 222 милиони евра. Според каталонското радио „РАЦ1“, францускиот тим упатил ултиматум до Барселона. Доколку до денеска не пристигне прифатлива понуда за Нејмар, „светците“ ќе почнат преговори со Реал Мадрид.

„Кралевите“ исто така се во игра за трансфер на Нејмар и можат да понудат убава сума на пари и неколку играчи. Да не заборавиме дека тука е и Јувентус, кој исто така внимателно го следи случајот на Нејмар.