ПСЖ го освои Лига купот, но остана без уште три ѕвезди пред завршницата од ЛШ!

Фудбалерите на ПСЖ ја комплетираа со сезоната со трет освоен трофеј и тоа во последното издание од францускиот Лига куп, откако синоќа, дури по изведување пенали, го совладаа Лион (0-0), триумф кој беше скапо платен и тоа со повреди на дури тројца првотимци.

Средбата предвреме ја напуштија Икарди, Курзава и Тијаго Силва, кои му се придружија на Килијан Мбапе, кој се повреди на претходниот дуел со Сент Етјен. Денешните прегледи ќе покажат колку се сериозни овие повреди и дали тренерот Томас Тухел ќе може да смета барем на некој од овие фудбалери на претстојниот дуел од Лигата на шампионите, закажан за 12 август во Лисабон.