Прва победа на Ливерпул под водство на Слот! (ВИДЕО)

Ливерпул со минимални 1-0 го совлада Бетис во пријателски натпревар одигран во Питсбург, САД, ова беше прв триумф на црвените под водство на новиот тренер Арне Слот.

Ова беше и прв официјален пријателски натпревар за Ливерпул на овие подготовките, претходно имаа уште еден меч, но тој беше зад затворени врати.

Ливерпул го победи Бетис со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Собослаи во 34. минута од натпреварот.

Во составот на Ливерпул недостасуваа повеќе играчи кои настапија на Европското првенство и Копа Америка.