Промес чека екстрадиција во Холандија - осуден е за шверц со дрога и обид за убиство!

Холандскиот фудбалер Квинси Промен ќе биде сослушан следната недела пред да биде донесена одлука дали ќе биде предаден на властите во Холандија, која распиша потерница поради трговија со кокаин, но и обид за убиство.

Поранешниот играч на Ајакс и репрезентативец на Холандија е уапсен пред еден месец на аеродром во Дубаи, а се очекува негова екстрадиција на 2 мај, доколку нема никакви компликации.

Промес во Дубаи бил на тренинг-камп со неговиот тим Спартак Москва, кога бил приведен поради сообраќаен прекршок, а тоа му создаде и дополнителни проблеми.

Холанѓанецот во февруари беше осуден на шест години затвор поради вмешаност во трговија со дрога, а претходно се обидел да убие роднина.