Продолжува хаосот во Серија А: Нови тројца заразени со Ковид-19 во Џенова!

Хаосот со заразени со коронавирусот во таборот на Џенова продолжува, откако од овој италијански прволигаш денеска информираа дека уште тројца фудбалери биле позитивни на Ковид-19.

Добрата вест за нас е што меѓу нив не е капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, кој ќе може да настапи на претстојниот историски дуел против Косово на 8 октомври во Скопје, во полуфиналето од ланската Лига на нации. Според „Газето дело спорт“, на долгата листа заболени во Џенова се најдоа уште и фудбалерите Петар Брлек, Миха Зајц и Валтер Бресан, со што бројката позитивни на Ковид-19 во овој клуб се искачи на 19.

Поради ова, челниците на Серија А уште вчера го одложија мечот на Џенова против Торино, кој требаше да се одигра викендов, што, пак, ќе значи дополнителен одмор за Пандев, пред пресметката на арена „Тодор Проески“.