Проблеми за Манчестер сити: Де Брајне ќе паузира месец ипол!

Тренерот Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција потврди дека Кевин Де Брајне ќе мора да паузира меѓу четири и шест недели.

Еден од најдобрите фудбалери на „граѓаните“ се повреди во дуелот против Астон вила и дополнителните медицински прегледи покажаа дека го чека долга пауза.

Де Брајне ќе пропушти дури осум натпревари во тој период, меѓу кои и дербијата со Ливерпул, Тотнем и Арсенал, а најверојатно нема да игра ниту против Борусија Менхенгладбах во осминафиналето од Лигата на шампиони.