Проблеми во Барселона: Еден фудбалер не сака ниту да го слуша Флик (ВИДЕО)

Германскиот тренер Ханси Флик има одлични резултати со Барселона оваа сезона и сè уште е во трка за неколку пехари, меѓутоа не е сè идеално во каталонскиот гигант.

На последниот меч против Селта виго, Ансу Фати и Ектор Форт покажаа дека не се задоволни од тренерот Флик, а истото го направи и Ињаки Пења кој веќе не добива шанса од предводникот на Барселона.

Пења беше прва замена за Марк Андре Тер Штеген, а сега е дури трет голман. Тој не сакаше ниту да го слуша тимскиот говор на Флик, па неговиот колега реши да го повлече поблиску до тренерот за да слушне што има да каже.