Проблем за „росонерите“: Мората најмалку три недели нема да игра за Милан!

Едно од најзвучните засилувања за Милан во летниот преоден рок, Алваро Мората, ќе биде надвор од тимот најмалку во следните три недели и тоа поради повреда на мускулот на ногата.

Тој влезе во второто полувреме на саботниот дуел против Торино (2-2) и набрзо постигна гол, но подоцна го истегна мускулот поради што извесен период ќе мине на рехабилитација.

Мората поради ова нема да игра на средбите против Парма и Лацио, а нема да биде дел од селекцијата на Шпанија на стартните два меча од Лигата на нации.