Проблем за Анчелоти: Реал Мадрид без Камавинга во првите натпревари од сезоната

Францускиот репрезентативец Едуард Камавинга кој заработи повреда на вчерашниот тренинг нема да биде на располагање на Карло Анчелоти до октомври, потврдија денеска од Мадрид.

Камавинга се повреди на вчерашниот тренинг и уште претходно беше познато дека нема да биде спремен за вечерашниот Суперкуп во Варшава, но се потврдија и најавите дека ќе го пропушти воведниот дел од сезоната.

По направените детални прегледи, Реал потврди дека Камавинга ќе биде спремен да се врати на терените за шест до седум недели.

Сезоната во Ла Лига започнува викендов, а Реал Мадрид в недела и гостува на Мајорка.