„Приказните дека мора да го продадеме Халанд ви се чисто – сра*е!“
Халанд во Дортмунд дојде за 20 милиони евра од Ред Бул Салцбург и игра извонредно, а со головите веќе се промовира во најдобриот млад центарфор на светот, па со тоа експресно го сврте вниманието на најголемите гиганти и безмалку нема ден да не се појави некоја шпекулација дека некој од најмоќните клубови ќе го купи, секојпат додавајќи дека загубата што ја генерираат „милионерите“ откако удри ковид-19 практично ќе ги примора на продажба за да ги испеглаат финансиите.
„Сите тие приказни што се пуштаат дека мораме да го продадеме Ерлинг се едно чисто – сра*е. Постојано слушам такви прикаски, читам разноразни шпекулации, а единствената вистина е дека Халанд ќе ја донесе само раководството на клубот и само тоа, ниту менаџери, ниту некој друг, ниту многуте пари што се најавуваат“, рече Вацке.
Според медиумите од идното лето за Халанд ќе биде активна откупната клаузула за која се шпекулира дека изнесува помеѓу 75 и 100 милиони евра. Вацке образложи дека одлуката да се продаде Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед има поинаква димензија од тоа дека Борусија сакала добро да заработи, а добија 90 милиони евра.
„Тоа што го продадовме Џејдон беше од друга причина, а таа беше дека во англиската репрезентација беше 'неконкурентен' и сакаше да се врати на Островот за повеќе да го имаат на око. Јас многу го сакам Џејдон и сега ми доаѓаат солзи на очи кога ќе го видам како игра“, посочи Вацке.