Претседателот на Спортинг го изрежирал нападот на фудбалерите?

Неколку десетици хулигани влетаа во тренинг центарот на Спортинг Лисабон и ги нападнаа фудбалерите и стручниот штаб на тимот. 

Португалската јавност беше во шок по ваквиот инцидент, а истото важи и за фудбалерите меѓу кои и е и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Навивачите беа гневни што Спортинг загуби од Маритимо и ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампиони.

Низ медиумите се појавија шпекулации дека претседателот на тимот, Бруно де Карваљо го изрежирал целиот инцидент. „Публисио“ се повикува на извор близок до тренерот на Жорге Жезуз, кој наводно имал и докази дека Де Карваљо ги натерал хулиганите да ги нападнат фудбалерите и стручниот штаб.

Претседателот на Спортинг е искучително контраверзна личност, бидејќи често влегува во конфликт со судиите, но и со челниците на противничките клубови поради контраверзните изјави. По двомечот на Атлетико Мадрид и Спортинг Лисабон во Лигата на Европа, разочаран од поразот од 2-0, Де Карваљо изјави дека ќе ги суспендира сите фудбалери поради слабата игра. 

Интересно е тоа што Спортинг освен што не успеа да конкурира за титулата во првенството, сепак веќе освои еден трофеј, оној во Лига Купот, а во недела игра и финале во Купот на Португалија.