„Грабеж“ во НБА: Кошаркар заработува милиони за да го гледа тимот од публика!

Талентираниот кошаркар Лонзо Бол во 2021 година пристигна во Чикаго булс од Њу Орлеанс пеликанс, но на паркетот не настапил од јануари 2022 година.

Бол имаше три повреди на коленото и не успеа да заигра за Чикаго, а неговиот татко неодамна кажа дека кошаркарот ќе паузира уште најмалку пет месеци.

Интересно е тоа што Бол досега заработи 20 милиони долари за да го гледа тимот од публика, а очигледно така ќе биде и во следниот период. Плејмејкерот, исто така, активира клаузула во договорот за следната сезона вредна 21,4 милиони долари, а тоа беше очекуван потег, но дополнително го оптерети буџетот на Чикаго за следната сезона.

Кошаркарот беше избран како втор пик на драфтот во 2017 година од Лос Анџелес лејкерс, а во досегашниот дел од кариерата во просек постигнуваше по 11,9 поени, 6,2 асистенции и 5,7 скокови.