Суарез постигна хет-трик, а Меси блесна со пет асистенции и гол за Интер Мајами (ВИДЕО)

Интер Мајами славеше со 6-2 против Њујорк Ред булс, а неверојатни на теренот беа Лионел Меси и Луис Суарез во второто полувреме.

Њујорк водеше со 1-0 по првите 45 минути, но во вториот дел се разбудија најголемите ѕвезди на Интер Мајами. Меси асистираше при пет гола и постигна еден погодок, додека последните три гола на Интер Мајами беа дело на Суарез.

Екипата на Меси и Суарез по 12 одиграни кола се наоѓа на првото место во Источната конференција со 24 бодови.