Пресврт: Антони доби црвен картон, но ќе игра против Реал Мадрид

Бразилецот Антони откако го напушти Манчестер јунајтед и пристигна во Бетис на позајмица игра одлично и во првите натпревари го освојуваше и признането играч на мечот.

Сепак во натпреварот против Гетафе кој Бетис го доби со 2-1, Антони покрај асистенцијата која ја имаше за Иско зарабтои и црвен картон.

Антони беше исклучен поради непотребен груб старт во полето на Хетафе, но по жалбата на Бетис, Фудбалската федерација на Шпанија го поништи неговиот црвен картон.

Тоа значи дека Бетис ќе го има на располагање за следното коло во кое ќе го пречекаат Реал Мадрид.