Премиерлигата потврди два нови случаи на Ковид-19 при тестирањето

Изминатите два дена беше спроведено осмото тестирање за Ковид-19 во клубовите од Премиерлигата и резултатите велат дека две лица се позитивни.

Едниот позитивен тест доаѓа од таборот на Норич, од каде го потврдија случајот, но не е откриено од каде доаѓа вториот позитивен. „Канаринците“ имаат позитивен фудбалер, а неговото име засега се држи во тајност.

При осмото тестирање направени се вкупно 1.200 тестови на фудбалери, тренери и вработени во клубовите. Во првите седум тестирања вкупно 14 лица беа позитивни на коронавирус, а 7.474 тестови беа негативни.