Премиерлигата му врати дел од одземените бодови на Евертон!

Екипата на Евертон доби шанса да ја продолжи борбата за опстанок во Премиер лигата, откако челниците на англиската елита реши да ѝ ја намали казната за одземање десет бодови поради финансиски малверзации.

Комисијата ја прифатила жалбата на „карамелите“ и тоа по голем притисок од англиската јавност. Денеска е соопштено дека на Евертон му се одземени шест бода, што значи дека на неговото конто ќе се вратат четири од претходно одземените.

Евертон со овие вратени бодови ќе има 25 бода и тоа е четири повеќе во однос на Лутон, кој е прв под зоната за испаѓање.