Премиерлигаш под истрага: Цела година не му платил на Ајнтрахт за трансфер!?

Премиерлигашот Вест хем се наоѓа под истрага на ФИФА поради трансфер на напаѓачот Себастијан Халер од Ајнтрахт Франкфурт минатата година.

Халер замина од Германија во Вест хем, а една година подоцна германскиот тим го тужи премиерлигашот поради шест милиони евра, кои никогаш не им биле исплатени.

„Можеме да потврдиме дека добивме жалба од германски Ајнтрахт против Вест хем. Во моментов тоа е предмет на истрага и поради тоа не можеме да коментираме повеќе од ова“, соопштија од ФИФА.