Прекрасни за вести за Реал: Модриќ подготвен за финалето

Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе му биде на располагање на Карло Анчелоти за утрешното финале од шпанскиот Суперкуп против Барселона.

Ветеранот го пропушти полуфиналниот дуел против Мајорка поради болест, но и без него, Реал славеше убедливо со 3-0. Утре се очекува да биде потешко и покрај тоа што мадридскиот клуб лани ја победи Барса со 4-1 во финалето од истото натпреварување.

„Беше тоа само настинка и веќе заздравив. Вчера вежбав под посебен режим, а денеска ќе тренирам со соиграчите и ќе бидам на списокот на фудбалери за натпреварот“, изјавил хрватскиот репрезентативец.

Финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп се игра утре од 20 часот во градот Џеда во Саудиска Арабија.