Пред една година го купија од ПСЖ, а сега планираат да му удрат „клоца“

Аргентинскиот фудбалер Хавиер Пасторе пристигна во Рома минатата година како големо засилување од редовите на ПСЖ.

Пасторе мина седум години во тимот од Париз, но поради недоволна минутажа, реши да го напушти клубот минтотот мето и да потпише за Рома. „Волчицата“ за неговиот трансфер издвои околу 25 милиони евра, но евидентно е дека тоа не било добар потег на тимот од Рим.

Аргентинецот минатата сезона не импресионираше со своите игри, а притоа беше и неколку пати надвор од терените поради повреди. Пасторе на последните неколку меча пред своите гледачи на „Олимпико“ доби свирежи што јасно зборува за незадоволството поради неговите игри.

Сепак, италијанските медиуми објавија дека Рома има план да го продаде Пасторе уште во јануари. Тимот од Рим го понудила Пасторе на кинеските клубови и сака веднаш да го продаде уште во наредниот трансфер рок.

Пасторе има одиграно само 22 натпревари од доаѓањето од ПСЖ во Рома, постигнувајќи четири гола и две асистенции. Минатото лето тој ја одби понудата да замине во Флуминенсе, бидејќи не можеше да ги договори личните услови со бразилскиот тим.