Познати се составите на Барселона и Реал Мадрид за „Ел Класико“

Денеска од 16.15 нè очекува спектакуларното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, а на натпреварот по повеќе од една деценија нема да настапат најголемите ѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Португалецот летоска замина во Јувентус за 110 милиони евра, додека Аргентинецот се повреди во дуелот против Севилја, па ќе мора да паузира три недели.

Тренерите на двата клуба Ернесто Валверде и Хулен Лопетеги ги избраа фудбалерите кои ќе се борат во првото „Ел Класико“ за сезонава.

Барселона ќе игра со Марк-Андре Тер Штеген - Жорди Алба, Серхио Роберто, Клемен Ленгле, Жерар Пике – Артур Мело, Серхио Бускетс, Иван Ракитиќ – Филипе Кутињо, Луис Суарез, Рафиња.

Додека Реал Мадрид ќе го почне дуелот со Тибо Куртоа – Рафаел Варан, Серхио Рамос, Начо, Марсело – Касемиро, Лука Модриќ, Тони Крос – Иско, Герет Бејл и Карим Бензема.